• сабота, 06 декември 2025

Сообраќајот на магистралата А3 кај Делчево се одвива наизменично за сите видови возила

Сообраќајот на магистралата А3 кај Делчево се одвива наизменично за сите видови возила

Делчево, 12 јуни 2023 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец А3 Македонска Каменица – Делчево од утрово се одвива наизменично, по една коловозна лента за сите видови на возила, информираа од Македонија Пат и АМСМ.  

По претходно санирање на штетите на патот од невремето во Делчево, утрово патот е приспособен и пуштен за сообраќај за сите видови возила.

Како што истакнаа од подружницата на Македонија Пат, санацијата продолжува и наредните денови со цел целосно нормализираее на сообраќајот на магистралата А3 кај Делчево. вс/цр


Фото: МИА

 

Остани поврзан