• недела, 21 јули 2024

Сообраќајот на експресниот пат Штип - Радовиш во прекин поради сообраќајна незгода

Сообраќајот на експресниот пат Штип - Радовиш во прекин поради сообраќајна незгода

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) – Поради сообраќајна незгода од 17:30 часот затворен за сообраќај е експресниот пат Штип – Радовиш. Сообраќајот се одвива по стариот пат, информираат од Авто-мото сојуз на Македонија. 

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ар/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан