• понеделник, 13 мај 2024

Сончево, студено и ветровито

Сончево, студено и ветровито
Скопје, 15 јануари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен до северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 9 степени. До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од снег, само понекаде на пониските места повремено од дожд.

Остани поврзан