• сабота, 18 мај 2024

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец
Скопје, 28 август 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 32 степена. За време на викендот ќе преовладува умерено облачно време со услови за краткотраен дожд, утре претежно во источните делови, а во недела во планинските подрачја. Во западните делови во недела ќе дува засилен западен ветер. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен западен и северозападен ветер.

Остани поврзан