• понеделник, 20 мај 2024

Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност
Скопје, 18 јануари 2019 (МИА) - Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по  котлините со магла и ниска облачност. Во југоисточните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум степени, а дневната температура од еден до девет степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до минус пет степени, а дневната температура до четири степени. Во недела ќе биде значително облачно, а локално на повисоките места и планините ќе има услови за повремен снег. Од понеделник се очекува стабилно време со слаб до умерен северен ветер.

Остани поврзан