• сабота, 06 јули 2024

Сончево со слаб до умерен југоисточен ветер

Сончево со слаб до умерен југоисточен ветер
Скопје, 9 мај 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено попладне вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 24 степени. Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во среда претежно во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и грмежи.

Остани поврзан