• среда, 26 јуни 2024

Сончево со слаб до умерен северисточен ветер

Сончево со слаб до умерен северисточен ветер
Скопје, 9 април 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет степени, а дневната температура од 12 до 23 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура ќе достигне до 20 степени. Следува период на сончево и топло време со пораст на дневните температури. Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста, а од почетокот на идната седмица ќе има услови за локален дожд.

Остани поврзан