• четврток, 16 мај 2024

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Сончево со слаб до умерен северен ветер
Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) - Времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлините претпладне со појава на магла. Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до 13 степени. . Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до шест степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе услови делумно намалување на маглата.

Остани поврзан