• среда, 26 јуни 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од пет до 15 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до 11 степени. Под влијание на влажен бран во петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вечерните часови услови за повремен снег ќе има и на повисоките места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.

Остани поврзан