• петок, 05 јули 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) - Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринсакта температура ќе се движи од минус два до минус осум степени, а дневната температура од три до 10 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до шест степени. Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој во четврток ќе се засилува. Од петок ќе започне да дува јужен ветер, облачноста ќе се зголемува и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи претежно од дожд.

Остани поврзан