• четврток, 27 јуни 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 25 февраури 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната температура од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 14 степени. До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен ветер во среда од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали.

Остани поврзан