• четврток, 27 јуни 2024

Сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер

Сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 24 степени. До среда наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

Остани поврзан