Сончево со мала доумерена облачност, попладне дожд и ретки грмежи

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно, претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.
До четврток, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.