Сончево и топло со услови за слаба утринска магла

Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степенa.
Во Скопје сончево и топло со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.