• сабота, 18 мај 2024

Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер

Сончево и топло со слаб до умерен северен ветер
Скопје, 28 јули 2020 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени, а УВ индекост ќе биде 9. Во Скопје и околината сончево и топло со слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 35 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. В петок во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Остани поврзан