• среда, 04 септември 2024

Сончево и топло, попладне локална појава на пороен дожд и ретки грмежи

Сончево и топло, попладне локална појава на пороен дожд и ретки грмежи

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Од УХМР информираа дека во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови, според УХМР, следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Процесите, како што најавуваат, ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан