• недела, 05 мај 2024

Сончево и топло, попладне локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сончево и топло, попладне локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 10 мај 2022 (МИА) - Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. УВ=7 Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. Ќе преовладува сончево и потопло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во сабота.

Остани поврзан