• четврток, 26 март 2026

Сончево и топло до сабота

Сончево и топло до сабота

Скопје, 27 август 2025 (МИА) - Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури, кои ќе достигнат до 38 степени, соопшти УХМР.

Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури.

Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Фото: МИА

Остани поврзан