• среда, 15 мај 2024

Сончево и топло, во делови од котлината со слаба утринска магла

Сончево и топло, во делови од котлината со слаба утринска магла
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степена. До среда утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе се одржува сончево и релативно топло. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.

Остани поврзан