
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.