• сабота, 29 јуни 2024

Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степена.

Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. вг/аа/

Фото: МИА Архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан