• понеделник, 13 мај 2024

Сончево и многу топло со слаб променлив ветер

Сончево и многу топло со слаб променлив ветер
Скопје, 31 јули 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ=9 Во Скопје сончево и многу топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен. Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Остани поврзан