• сабота, 18 мај 2024

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Сончево со слаб до умерен северен ветер
Скопје, 28 јули 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9 Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. Во петок во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Остани поврзан