• среда, 15 мај 2024

Сончево со мала локална облачност

Сончево со мала локална облачност
Скопје, 26 март 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во вториот ден од викендот ќе преовладува сончево и топло време. Потоа ќе има извесно зголемување на облачноста, а во понеделник ќе има локални врнежи дожд. Во текот на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Остани поврзан