• сабота, 18 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 13 мај 2021 (МИА) -  Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност со услови за краткотраен дожд на северозападот. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен од западен до северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 24 степени. Утре и во петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со зголемена облачност и врнежи од дожд во поголемиот дел од земјава ќе има во сабота.

Остани поврзан