• понеделник, 13 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Врремето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. До сабота дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.

Остани поврзан