• сабота, 18 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 13 март 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 12 до 18 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер со југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени. Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на повисоките места. Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.

Остани поврзан