• петок, 17 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 6 ноември 2020 (МИА) -  Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини.

Остани поврзан