• недела, 19 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Времето претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени. До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини. За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.

Остани поврзан