• сабота, 18 мај 2024

Сончево со мала до умерена облачност и потопло

Сончево со мала до умерена облачност и потопло
Скопје, 4 јули 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Вдолж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ= 8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 33 степени. Во понеделник во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на температурата.

Остани поврзан