• вторник, 14 мај 2024

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност
Скопје, 16 август 2022 (МИА) -  Времето ќе виде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=7 Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени. Од среда следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Особено топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и над просекот за овој период од годината ќе биде во четврток и петок.

Остани поврзан