• петок, 17 мај 2024

Сончево и топло со мала облачност

Сончево и топло со мала облачност
Скопје, 9 август 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степени. УВ=9 Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени. Во среда во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а од четврток опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.

Остани поврзан