• сабота, 18 мај 2024

Сончево и многу топло со мала локална облачност

Сончево и многу топло со мала локална облачност
Скопје, 14 јули 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ=9 Во Скопје, претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени. До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.

Остани поврзан