• четврток, 26 март 2026

Сончевo и топло до 36 степени

Сончевo и топло до 36 степени

Скопје, 12 јули 2025 (МИА) - Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Фото: МИА

 

 

 

 

 

Остани поврзан