„Сони“ издвои милијарда долари за нови проекти
- Јапонскиот технолошки гигант инвестираше околу една милијарда долари во американската компанија за компјутерски игри „Епик гејмс“.

Токио, 12 април 2022 (МИА) - Јапонскиот технолошки гигант „Сони“ инвестираше околу една милијарда долари во американската компанија за компјутерски игри „Епик гејмс“. Ова е соопштено на интернет-страницата на корпорацијата.
„Преку оваа инвестиција, со нетрпение очекуваме да ја прошириме и продлабочиме нашата соработка со ’Епик гејмс‘ заради можностите што ќе доведат до создавање нови начини на забава“, се вели во објавата на „Сони“.
Инаку, „Епик гејмс“ е компанијата-создавач на една од најпопуларните игри денес - „Фортнајт“. си/паг/