Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин вечерва во НОБ
- На сцената на Националната опера и балет вечер, со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин, во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје.

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечер, со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин, во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.
- „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска, информираат од НОБ.
Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје и други. Програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ и МКЦ. ир/вг/
Фото: Рисима Рисимкин