Советот на млади Крива Паланка организира литературен конкурс по повод 3 Декември
- Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка во соработка со Националната установа Центар за култура Крива Паланка и литературен клуб „Калин“ распишува конкурс посветен на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Крива Паланка, 18 ноември 2025 (МИА) - Локалниот младински совет при Општина Крива Паланка во соработка со Националната установа Центар за култура Крива Паланка и литературен клуб „Калин“ распишува конкурс посветен на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
-Нашиот фокус е да се подигне свеста кај младите луѓе за лицата со попречености, да се имаат предвид сите аспекти на животот на овие лица од нашата заедница, но и воопшто, каде и да се, за тоа дека нашата подадена рака, нашиот топол збор можат да променат нешто, можеби не многу, ама секако може да биде подобро за секој од нив и многу ќе им значи. Токму затоа и насловот е „Сите сме дел од мозаикот“, за да се слушнат и да одекнат во јавноста размислите на младите на тема попречености, информира Никола Митовски, член на Советот на млади Крива Паланка, поет и младински активист.
Конкурсот е отворен до 28 ноември 2025, а право на учество имаат сите основци од Крива Паланка, учениците од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот, како и сите млади луѓе до 29 години.
Оригиналните песни со максимален број 28 стихови можат да се достават на е-маил: nucentarzakulturakp@gmail.com ид/вј/
Фото: Плакат