Советот на градоначалници на Источно плански регион го верификуваше мандатот на в.д градоначалникот на Кочани
- радоначалниците на Источно планскиот регион (ИПР) на денешната 22 редовна седница го верификуваше мандатот на в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, како нов член на советот.
Штип, 25 април 2025 (МИА) – Градоначалниците на Источно планскиот регион (ИПР) на денешната 22 редовна седница го верификуваше мандатот на в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, како нов член на советот.
Директорот на Центарот за развој на ИПР, Трајче Здравков истакна дека десетте градоначалници од Источно планскиот регион донесоа и едногласна одлука за користење на медицинската опрема и агрегати на Општина Берово, а кои се наменети за Домот за стари лица „Доктор Иван Влашки“ во Берово.

-Донесовме одлуки со кои се заокружува реализацијата на проектот за одржлив и инклузивен развој. Со овој проект направивме реконструкција и преадаптација на Ламела 4 во постоечкиот старечки дом „Доктор Иван Влашки“ во Берово, со што го зголемивме капацитетот на домот за стари лица за уште 28 легла. Тие корисници се веќе вселени, ги користат услугите во самиот дом, изјави Здравков.
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски посочи дека се настојува домот во најголема мера да ги прима старите лица кои се од Берово и регионот.
-Вкупниот капацитет е 67, а инаку она што е потпомогнато од овој преоктот е 28. Листата на чекање е огромна. Беа 167, од тие веќе 28 се сместени, но и во овој момент бројот на лица кои чекаат е над 100. Настојуваме да тој дом биде регионален, вели Пекевски.
Со денешните активности практично завршува проектот за реконструкција и преадаптација на Ламела 4 во старечкиот дом во Берово. вдј/дма/
Фото: МИА