• вторник, 05 ноември 2024

Советот за безбедност на ОН утре ќе донесе одлука по барањето на Палестинците за полноправно членство

Советот за безбедност на ОН утре ќе донесе одлука по барањето на Палестинците за полноправно членство

Њујорк, 17 април 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН утре ќе одговори на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите Нации.

Доколку барањето биде одобрено, според американската претставничка, тоа членство нема да им помогне на Палестинците да добијат државност.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас изјави дека не гледа како резолуцијата на ОН би помогнала да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт со решение со две држави.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа.

Набљудувачите предвидуваат вето на САД, кои веќе се спротивставија во 2011 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан