• недела, 22 декември 2024

Советници на Уставниот суд учествуват на 12. Летната школа во Турција

Советници на Уставниот суд учествуват на 12. Летната школа во Турција

Скопје, 4 октомври 2024

Советниците на Уставниот суд, Мајлинда Исмаили и Енсар Јусуф се учесници на 12. издание на Летната школа во Република Туркије на покана од Центарот за обука и развој на човечки ресурси на Здружението на Азиски уставни судови и еквивалентни институции (AACC-CTHRD). 

Во фокусот на годинашното издание е користењето на информатичките технологии и вештачката интелигенција во судството и уставните судови. 

Советничката Исмаили имаше свое излагање во кое се осврна на употребата на информациските технологии и можностите за користење на вештачка интелигенција при работењето во Уставниот суд. Посебен акцент во презентацијата на Исмаили беше ставен на алатките со коишто е унапредена веб - страницата на Судот со крајна цел развивање на транспарентноста и поинформирани граѓани. 

Советниците на Судот презентираа информации и за софтверскиот систем и процесот на поедноставување на работењето при пребарување во уставно-судската пракса при користење на напредни алатки во текот на водењето на постапките во Уставниот суд. 

Школата се одржа во периодот од 30 септември до 3 октомври во Анкара и се организира секоја година  со цел размена на информации и практики помеѓу помошници судии/ советници или правни експерти кои работат во уставните судови или тела со еквивалента надлежност.

 

Уставен суд

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан