• петок, 22 ноември 2024

Советник на Трамп предупредил за опасноста од коронавирус уште во јануари

Советник на Трамп предупредил за опасноста од коронавирус уште во јануари
Вашингтон, 7 април 2020 (МИА) - Питер Наваро, советник за трговија во Белата куќа, на 29 јануари испратил меморандум до раководството на земјата со предупредување дека коронавирусна криза може да ја чини американската економија билиони долари и дека милиони Американци може да бидат во смртна опасност. Се уште не е јасно дали меморандумот, лиферуван до Советот за национална безбедност, стигнал до претседателот Доналд Трамп, но се наведува дека Наваро, специјалист за Кина, и уште еден советник, Метју Потингер, заменик во советот, биле единствени кои навремено вклучиле аларм во Белата куќа за опасноста од коронавирусот. Но, нивното мислење не било примено сериозно, дознава весникот. Од средината на јануари и во текот на цел февруари, откако заврши сагата со неговиот импичмент, Трамп ја омаловажуваше опасноста од ширење на вирусот и тврдеше дека тој ќе „пројде со топлото време и доаѓањето на пролетта во април“. Во втор меморандум, споделен на 23 февруари, Наваро уште еднаш предупредил од „најверојатна експлозија на пандемија од Ковид-19 која може да инфицира и до 100 милиони Американци, од кои животите може да ги изгубат и до 1.2 милиони лица“. Во меѓувреме, Трамп денеска отпушти раководител на новосоздадената внатрешна ревизија која ја контролира реализацијата на билиони долари државни пари за помош околу епидемијата на коронавирусот. Претседаелот го отпуштил Глен Фајн, вршител на должност генерален инспектор во Министерството за одбрана. Фајн минатата недела бил именуван на позицијата за да го нагледува спроведувањето на фондовската помош за епидемијата од страна на мрежата од внатрешни генерални инспектори. Новоформената ревизија, наречена Комитет за отчетност на помошта од пандемија, има буџет од 80 милиони долари и нејзината задача е да надгледува како Владата ги троши парите од новиот закон за помош од настраданата економија од коронавирусот во висина од два билиони долари. Не негово место, Трамп ненедајно назначи друго официјално лице, Шон О’Донел, генерален инспектор во Агенцијата за заштита на природната средина. кб/сд/

Остани поврзан