• петок, 05 декември 2025

Советникот на Уставниот суд Татјана Јањиќ-Тодорова на одбележување на десетгодишниот јубилеј на Мрежата на највисоки судови во Стразбур

Советникот на Уставниот суд Татјана Јањиќ-Тодорова на одбележување на десетгодишниот јубилеј на Мрежата на највисоки судови во Стразбур

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) - Советникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Татјана Јањиќ-Тодорова учествуваше на одбележување на десегодишниот јубилеј на Мрежата на највисоки судови (SCN – Superior Courts Network)  во Стразбур. 

На Форумот, како што соопшти Уставниот суд, се дискутирало за досегашните успеси и реализирани проекти, како и за идните активности кои се насочени кон остварување на целите на Мрежата, како што се размена на информации и судска практика помеѓу уставните и врховните судови на земјите-членки на Советот на Европа.

Фокусот бил ставен и на реализирање на активности за поуспешна примена на Европската конвенција за човекови права и судскатапрактика на Европскиот суд за човекови права на национално ниво и зајакнување на принципот на супсидијарност.

Во рамки на одбележувањето на значајниот јубилеј претседателот на Европскиот суд за човекови права, Матијас Гиомар ја промовирал книгата „The Superior Courts Network - A community of practice in the service of justice (2025)”.

Мрежата на највисоки судови е формирана во 2015 година како единствен модел на судски дијалог преку кој им се помага на националните судови во нивната примена на Европската конвенција за човекови права. Во неа членуваат 111 судови од сите 46 земји членки на Советот на Европа и пет судови – набљудувачи. Уставниот суд на Република Северна Македонија е член на Мрежата од 2017 година. 

Активностите на Мрежата се поддржани од проектот „Зајакнување на супсидијарноста: Поддршка на споделување на знаењето за ЕКЧП и дијалогот помеѓу највисоките судови“ (Subsidiarity Project), што претставува соработка помеѓу Регистарот на Европскиот суд за човекови права и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото при Советот на Европа. дма/сст/

Фото: Уставен суд

Остани поврзан