Собранискиот Комитет за односи со заедниците во работна посета на ООУ „Св. Кирил и Методиј“
- Членовите на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците денеска работно ќе го посетат основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во општина Центар, во рамки на активностите поврзани со меѓу
Скопје, 14 март 2022 (МИА) - Членовите на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците денеска работно ќе го посетат основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во општина Центар, во рамки на активностите поврзани со меѓународниот проект „Говор на омраза како валута на национализмот: институционалeн одговор во Северна Македонија“.
Како што соопшти собраниската прес-служба, проектот е во контекст на образованието како суштинска алатка за зголемување на интеркултурното разбирање, а целта на работната посета е зајакнување на успешноста на институциите и нивната професионалност во однос на решавање на проблемот со говорот на омраза. хс/дма/