• понеделник, 23 декември 2024

Собранието попладнево го изгласа дневниот ред на 84. седница, продолжението закажано за утре

Собранието попладнево го изгласа дневниот ред на 84. седница, продолжението закажано за утре
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Собранието попладнево го изгласа дневниот ред на 84-та седница. Пратениците едногласно, со 75 гласа „за“, ја донесоа одлуката за испраќање припадник на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки забележа дека неколку часа чекале да се усвои дневниот ред, посочувајќи дека ќе дадат поддршка на одлуката за испраќање припадник на Армијата во меѓународната операција „УНИФИЛ“. -Како опозиција имаме конструктивен став и оваа точка ќе ја поддржиме. Нема да вршиме никаква опструкција на овие предложени решенија, рече Ковачки. Со 62 гласа „за“, без воздржани и без ниту еден глас против, Собранието ја донесе и Одлуката за објавување јавен оглас за именување на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Предлог- закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан ќе биде разгледуван кога ќе има услови односно кога ќе помине на Комисијата за надворешна политика, а од истите причини не можеше да се разгледа и Предлог-законот за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски не беше разгледан и Дополнетиот предлог на закон за буџети затоа што во исто време има закажано седница на Комисијата за финасирање и буџет. Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека седницата ќе продлжи утре во 12 часот, онаму каде, како што рече, ќе има услови за отворање дебата. Апелираше до тогаш да работат соодветните комисии. мд/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан