• понеделник, 23 декември 2024

Собранието на седница ќе се изјасни за потребата за носење на неколку закони по скратена постапка

Собранието на седница ќе се изјасни за потребата за носење на неколку закони по скратена постапка

Собрание, 10 јули 2024 (МИА) - Собранието денеска треба да ја започне 10. седница на која на дневен ред се повеќе точки, генерално закони по скратена постапка.

На седницата треба да бидат верификувани мандатите на Јане Мицевски од Изборната единица 1 и Малиша Станковиќ од Изборната единица 2, двајцата од коалицијата Твоја Македонија. 

На дневен ред се исто така и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

По скратена постапка, на дневниот ред се предложени, изменување и дополнување на Законот за енергетика, на Законот за Геолошкиот завод, на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за метрологијата, на Законот за минерални суровини, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија, како и изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за техничката инспекција. ев/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан