• петок, 05 декември 2025

Собранието на Косово не беше конституирано ниту во 40-тиот обид

Собранието на Косово не беше конституирано ниту во 40-тиот обид

Приштина, 1 јули 2025 (МИА) – И денеска, во 40-тиот обид, пратениците на косовскиот Парламент не го избраа претседателот на Парламентот.

Од присутните 100 пратеници, 51 пратеник гласаа за предлогот за формирање тајно гласачко тело за избор на претседател, јави Бета.

Претходно, пратениците на Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово побараа од претседателот Авни Дехари да се врати на почитување на Уставот на Косово и пресудата на Уставниот суд, но тој нареди службата да ги исклучи нивните микрофони.

„Пратеникот Аљбин Курти“ беше предложен за член на комисијата од коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА. Пратениците од овие две партии и Српската листа не учествуваа во гласањето.

Следното гласање е закажано за четврток, 3 јули.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан