Соборно празнување на празникот Голема Богородица во манастирот Пречиста кај Кичево
- Соборното празнување на бигорската монашка заедница на празникот на Сечесното Успение на Мајката Божја (Голема Богородица), ќе биде во манастирот Пречиста Кичевска, во пространиот и величествен храм посветен токму на Мајката Божја, каде што во текот на изминатиот период се создадоа прекрасни услови за со особена радост и торжество да се слави овој најголем Богородичен празник, објави Бигорски манастир.
Дебар, 27 август 2025 (МИА) - Соборното празнување на бигорската монашка заедница на празникот на Сечесното Успение на Мајката Божја (Голема Богородица), ќе биде во манастирот Пречиста Кичевска, во пространиот и величествен храм посветен токму на Мајката Божја, каде што во текот на изминатиот период се создадоа прекрасни услови за со особена радост и торжество да се слави овој најголем Богородичен празник, објави Бигорски манастир.
Бдението во Пречиста ќе започне вечерва во 22:30 часот, додека Божествената Литургија, утре на денот на празинкот ќе започне околу 7 часот изутрина. вт/вг/
Фото: МИА Архива