• среда, 21 мај 2025

Снабдувањето со електрична енергија е обновено за 20 проценти во континентална Шпанија, милиони луѓе се уште без струја во Португалија

Снабдувањето со електрична енергија е обновено за 20 проценти во континентална Шпанија, милиони луѓе се уште без струја во Португалија

Мадрид, 28 април 2025 (МИА) - Снабдувањето со електрична енергија е обновено за 20 проценти во континентална Шпанија, објави на Икс компанијата што управува со електричната мрежа РEE.

Ова беше овозможено благодарение на автономните извори на енергија и интерконектори со Франција. Постепеното враќање на електричната енергија продолжува.

Неколку градови во Португалија веќе ја добија својата електрична енергија, објави португалската агенција Луза во своето емитување на португалски јазик.

Околу 300.000 жители сега имаат електрична енергија благодарение на хидроцентралата во Кастело де Боди во регионот Сантарем и термоцентралата во регионот Тапада до Аутеил во регионот Порто.

Во Порто, ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија се подобри во последните два часа, но милиони жители во Лисабон остануваат без струја, а се очекува ситуацијата таму да се подобри за шет до шест часа.

Операторот на електричната мрежа на Португалија, РЕН, изјави дека досега нема индикации дека прекинот е предизвикан од кибер напад.

Претходно денеска, Ројтерс, повикувајќи се на португалскиот оператор, јави дека причина за големиот прекин се екстремните температурни флуктуации во внатрешноста на Шпанија.

Во исто време, Мароко објави дека има проблеми со интернетот на негова територија, но тоа се должи на прекинот на Пиринејскиот Полуостров.

Во соседен Алжир, Министерството за телекомуникации, исто така, предупреди дека може да има проблеми со интернетот поради прекинот на Пиринејскиот Полуостров. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан