• понеделник, 23 декември 2024

Смолинг ќе ги пропушти следните два натпревари на Рома

Смолинг ќе ги пропушти следните два натпревари на Рома
Рим, 11 февруари 2021 (МИА) - Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг нема да може да учествува на следните два натпревари на тимот, соопштува „Фудбал Италија“. Според изворот, на 31-годишниот Англичанец му требаат околу две недели да закрепне од повредата на колкот, што ја доби на натпреварот против Верона (3:1) на 31 јануари. Се известува дека играчот нема да може да се појави на теренот на натпреварите против Удинезе (14 февруари во италијанскиот шампионат) и Брага (18 февруари во Лигата на Европа). Во сезоната 2020/21, Смолинг одигра 15 натпревари за Рома, на негова сметка е една асистенција. Фудбалерот веќе го пропушти натпреварот против Јувентус (0:2) на 6 февруари поради повредата. зс/

Остани поврзан