• недела, 22 декември 2024

Сменет началникот на руската морнарица, адмирал Евменов

Сменет началникот на руската морнарица, адмирал Евменов

Москва, 10 март 2024 (МИА) – Командантот на руската морнарица, адмирал Николај Евменов е пензиониран, објави рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на неименувани извори.

Евменов е заменет со адмирал Александар Мојсеев, претходниот командант на Северната флота.

„Известија“ не наведе причина за кадровската промена.

Промената доаѓа откако руската Црноморска флота неодамна претрпе значителни загуби на борбени бродови и војници при украинските ракетни и напади со така наречени поморски дронови – беспилотни чамци натоварени со експлозиви. Поради заканата од украинските вооружени сили, поголем дел од руските поморски борбени единици се повлекоа од окупираниот полуостров Крим. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан